Откако со денови СДС растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви вистината излезе на виделина. Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
„Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале.
Фотографијата покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегална марихуана.
СДС и Венко Филипче наместо да шират лаги и да ја манипулираат јавноста да кажат зошто се толку потресени и водат жолчна кампања околу запленетите над 30 тони дрога?
Дали кланот Заеви и Филипче се вмешани па затоа СДС се исплашени?
Дали токму поради тоа во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?
Нема скандал, криминал и корупција а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче.
ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30те тони запленети дрога“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

