Close Menu
Press24
    Најново

    „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    06.08.2026 во 11:06

    Лепа Брена падна за време на настап во Будва

    06.08.2026 во 11:03

    Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    06.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8
    • Лепа Брена падна за време на настап во Будва
    • Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој
    • Крај на драматичната потрага во Грција: Пронајден мртов исчезнатиот германски турист
    • Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир
    • Грција потврди 65 случаи на западнонилска треска, регистрирани се и шест смртни случаи
    • Општина Центар со мерки за топлотниот бран: Вода и бесплатни здравствени проверки за граѓаните
    • Скопје не го заборава Веле Богатиновски – херојот од обиколница кој спасуваше животи во поплавите во 2016
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Глобално позиционирање на македонското воздухопловство преку стратешко партнерство со Сингапур

    Глобално позиционирање на македонското воздухопловство преку стратешко партнерство со Сингапур

    10.02.2026 во 18:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. 

    Овој чин, реализиран за време на посетата на г. Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на македонскиот воздухопловен сектор со еден од водечките светски авијациски центри. 

    Потпишувањето на овој стратешки документ, претставува директна валоризација на новите политики на менаџментот на АЦВ како за меѓународно етаблирање на институцијата така и за забрзување на темпото за што побрза примена на најновите безбедносни стандарди. 

    Со овој чекор се отвора широка рамка за институционален развој преку напредна едукација и специјализирани програми за обука во Сингапурската воздухопловна академија (SAA), која важи за една од најреномираните во светот. 

    Договорот предвидува директна размена на експертиза и примена на најдобри практики во делот на регулативата, безбедносниот надзор и лиценцирањето, со што македонските воздухопловни власти ќе ги хармонизираат своите капацитети со најстрогите глобални стандарди. Покрај едукативната компонента, Меморандумот има силен регионален и технолошки фокус. Соработката подразбира заедничка реализација на проекти кои не само што ќе го зајакнат домашниот сектор, туку имаат потенцијал да ја позиционираат Македонија како регионален лидер во примената на иновативни решенија во воздушниот сообраќај.

    Ова партнерство е јасен показател за решителноста на Агенцијата да ги следи и имплементира најсовремените технолошки трендови во меѓународното цивилно воздухопловство. 

    Во својата изјава, директорот на АЦВ, Драги Стојаноски, истакна дека овој меморандум ја потврдува посветеноста кон примената на највисоките меѓународни стандарди на ICAO. Тој нагласи дека соработката со глобален лидер како Сингапур овозможува пристап до врвна експертиза со која дополнително ќе се подигне нивото на безбедност и ефикасност на македонското небо. 

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    06.08.2026 во 10:49

    Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    06.08.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.