Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    Димитриеска-Кочоска: Коридорот 8 е инвестиција во подобра поврзаност и економски развој

    06.08.2026 во 10:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека за реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку е потребна и стабилна и одржлива финансиска рамка.

    Таа ова го истакна пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од Коридорот 8, што се одржа во Владата.

    Димитриеска-Кочоска посочи дека со потпишаните амандмани кон договорите за финансирање и договорот за грант се обезбедува финансиската конструкција за целосна реализација на проектот.

    „Со овој документ создаваме услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, кој ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките, како и нови можности за развој на економијата и целиот регион“, рече министерката.

    Таа нагласи дека средствата за третата делница се обезбедени со поддршка од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои, како што рече, се долгогодишни партнери во развојните проекти во земјава.

    Според Димитриеска-Кочоска, во изминатите две години Владата работела на забрзување на реализацијата на проектите кои биле во застој, но и на започнување нови инвестиции.

    Таа додаде дека преку Ребалансот на Буџетот за 2026 година се обезбедени дополнителни 5,8 милијарди денари за капитални расходи, што претставува зголемување од 14,3 отсто во однос на првично планираните средства.

    „Одговорното управување со јавните финансии, обезбедувањето средства за капитални инвестиции и партнерството со меѓународните финансиски институции создаваат основа за одржлив економски раст, поголема конкурентност и побрза интеграција на државата во европските транспортни и економски текови“, рече министерката.

    На потпишувањето присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставници на Европската Унија, ЕИБ, ЕБОР и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.