Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    „Работите ги ставаме на вистинските шини“ – Николоски за новата фаза на Коридорот 8

    06.08.2026 во 11:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека со реализацијата на Коридорот 8 се покажува дека можат да се реализираат стратешки проекти и да се надминат проблемите од минатото.

    Николоски ова го посочи пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од источниот крак на Коридорот 8.

    Тој истакна дека потпишувањето е продолжение на визијата на Владата Македонија да ја искористи својата позиција како раскрсница на европските транспортни коридори 8 и 10.

    „Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден бидејќи по речиси две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект што може да се реализира“, рече Николоски.

    Тој информираше дека е постигнат договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел кој треба да ги поврзе двете држави.

    „Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а двете држави ќе испратат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за обезбедување грант средства за изградба на тунелот“, додаде Николоски.

    За третата делница од железничкиот Коридор 8 преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија се обезбедени 149 милиони евра грант средства.

    Николоски најави дека во текот на оваа година се очекува почеток на градежните активности, а наесен треба да биде избран изведувачот.

    „Веќе има активен тендер за избор на надзор, кој се одвива во две фази, а тендерот за градба ќе биде спроведен во една фаза“, информираше министерот за транспорт.

    На потпишувањето на договорите во Владата присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претставници на ЕУ, ЕБОР, ЕИБ и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.