Close Menu
Press24
    Најново

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28

    Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор

    29.10.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    Потпишани договорите за Коридорот 8: Обезбедени 149 милиони евра за железницата до Деве Баир

    06.08.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, дел од Коридорот 8.

    Договорите беа потпишани во Владата, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претставници на Европската Унија, ЕБОР, ЕИБ и Железници – Инфраструктура.

    За третата делница од железничкиот коридор 8 преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант средства.

    Николоски оцени дека потпишувањето претставува важен чекор за реализација на проектот, кој, како што рече, е еден од приоритетите на Владата.

    „Ова е исклучително значаен ден бидејќи по речиси две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект. Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничен железнички тунел кој треба да ги поврзе двете држави“, изјави Николоски.

    Тој додаде дека се очекува нов меѓувладин состанок со Бугарија, по кој двете држави заеднички ќе се обратат до ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за обезбедување дополнителни средства за изградба на тунелот.

    Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска посочи дека со денешните договори се обезбедува финансиската конструкција потребна за непречена реализација на проектот.

    „Изградбата на оваа железничка делница ќе овозможи подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките и нови можности за развој на економијата“, рече таа.

    Таа нагласи дека за стратешките инфраструктурни проекти е потребна стабилна финансиска рамка и додаде дека Владата обезбедила дополнителни средства за капитални инвестиции преку Ребалансот на Буџетот за 2026 година.

    Коридорот 8 е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за регионално поврзување, кој треба да овозможи железничка врска меѓу Јадранското и Црното Море и подобра интеграција на земјата во европските транспортни мрежи.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.