Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Инсталираните капацитети од обновливи извори растат побрзо од предвиденото
    • Јанев и Николовски доделија сертификати: Службените кучиња ангажирани во над 250 случаи за експлозиви само во 2026 година
    • Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост
    • Мицкоски пред Генералното собрание на ОН: НАТО, САД и ЕУ се наша една геополитичка ориентација
    • Предупредување од агрометеоролозите: Итно собирање на родот поради опасност од ран есенски мраз
    • Обвинителен акт во Струга: Шест лица обвинети за уништување на родната куќа на Владо Малески
    • 4 степени измерени во Македонија во 17 часот – УХМР соопшти каде е најстудено, а каде најтопло
    • Се уште не им доаѓа памет – Полицијата улови девет лица зад волан без положен возачки испит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантно: Водата во овој град во Македонија не е безбедна за пиење

    Алармантно: Водата во овој град во Македонија не е безбедна за пиење

    10.02.2026 во 14:521 Min Read
    ФОТО: Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот Шум е 28,56%, а максимално дозволена концентрација 1,5%.

    Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри за испитување, како од изворот така и од повеќе мерни места во градот и оти е видлив висок степен на обоеност и висока матност.

    „Земени се мостри од вода за испитување. Хлор имаше, но има висок степен на обоеност и висока матност и таа автоматски спаѓа во здравствено неисправна вода. Ги чекаме резултатите кои во четврток треба да се готови. Утре ќе одиме повторно, ќе земеме вода од изворот, да видиме дали почнала матноста да се намалува или не“, посочи Симоноска.

    Таа појасни дека е потребно механичко чистење на резервоарите и поголема количина хлор.

    И Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека водата во градот Струга и околината не е чиста и не треба да се користи за пиење или други потреби.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Инсталираните капацитети од обновливи извори растат побрзо од предвиденото

    25.09.2026 во 18:59

    Јанев и Николовски доделија сертификати: Службените кучиња ангажирани во над 250 случаи за експлозиви само во 2026 година

    25.09.2026 во 18:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.