Close Menu
Press24
    Најново

    Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува

    10.06.2026 во 09:42

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили

    10.06.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина
    • Скандал во Париз: Суспендирани 52 лица поради сексуално насилство врз деца во воннаставни активности
    • Силно невреме со град и грмотевици и во Србија – Метео предупредување и за Македонија и цел регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ вечер избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    ВМРО-ДПМНЕ вечер избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    06.02.2026 во 10:493 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња.

    Во интервју за националната телевизија Мицкоски информира дека ќе се одржи ЦК со сите што по статут ќе бидат дел од Извршниот комитет. По автоматизам во ова партиско тело ќе влезат координаторот на пратеничката група, претседателката на Унијата на жените, претседателот на Унијата на младите, претседателот на Унија на ветераните, претседателот на партијата, генералниот секретар…

    Новиот состав на ИК ќе треба да има 29 члена. Мицкоски рече дека ќе побара од ЦК да се донесе одлука за распишување избор на нов претседател на Унијата на ветераните, Унијата на младите и на Унијата на жените. Очекува од 20 до 25 проценти од составот на ИК да бидат нови луѓе од партијата.

    – Да, точно е тоа дека партијата во овој мандат нема повеќе да има потпреседатели. Ќе има претседател, генерален секретар и членови на ИК. Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата и плус некои други имиња. Со тие луѓе јас сум од првиот ден, тие луѓе се мои најблиски сорботници и во интерес на она што веќе го најавив за 2029 година и за принципите што ги застапувам на конгресот во 2029 година партијата ќе има ново раководство, нов претседател итн… Ценам дека е потребно да се има рамен терен за сите оние што се заинтересирани и мислат дека може да додадат вредност, пред сè, во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и во Владата, да може да се кандидираат и да ја побараат поддршката од делегатите на конгресот – изјави премиерот.

    Мицкоски рече дека првиот состанок со новиот состав на Извршниот комитет планира да се одржи следаната недела кога би се донела одлука за генерален реизбор на општинските комитети на партијата.

    – На тој состанок би излегол и со одредени кадровски решенија во делот на претседател на Градскиот комитет на партијата и претседатели на некои републички партиски комисии итн., со што генерално би ја заокружил врвната структура на партијата. Потоа е процесот селекција на претседатели на општински комитети. Тоа е процес на интервју, нивен избор, бидејќи тие по статут се и членови на ЦК, највисокото тело на партијата. Кога ќе се заокружи тој процес потоа ќе оставиме време на новите или старо-новите претседатели на одредени општински комитети да го составот ликот на општинскиот комитет, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    Додека тие тоа го составуваат, како што кажа, ќе почнат размислувањата и за Владата, за нови кандидати, како и за промена на ресори. Негови очекувања се дека целиот овој процес ќе биде заокружен некаде до мај или јуни. Најави дека од есен ќе има ажурирање на членството на партијата.

    Премиерот Мицкоски најави дека по седницата на новиот состав на ИК следаната недела ќе замине во Минхен, но исто така нагласи и дека во рамки на работата на Владата очекува годинава да се испорачаат многу реформи значајни за граѓаните. Оваа година, како што истакна, ќе биде успешна на повеќе полиња.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.