Вчера во 18:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Т.(57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека од продажен објект одзел мобилни телефони.
Подоцна, во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода и И.Г.(40) и Д.М.(26), двајцата од Тетово. Тие биле пријавени од И.Т. дека во периодот од 18:00 до 19:00 часот на ул.„Илинденска“, по претходна расправија за мобилни телефони, физички го нападнале.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
- Дожд, град и грмотевици во цел регион – Невреме доаѓа и кон Македонија
- Алиу ќе одржи брифинг по повод една година на чело на Министерството за здравство
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања

