Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична: Го оштетил буџетот на Кичево за 130.000 евра за вработени кои не оделе на работа

    Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична: Го оштетил буџетот на Кичево за 130.000 евра за вработени кои не оделе на работа

    29.01.2026 во 11:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А.(62) од с. Зајас, А.Н.(38) од с. Србица, Х.Б.(37) од с. Црвевци и Б.С.(36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.

    На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.