Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно

    Трет ден блокиран товарниот сообраќај – штетите достигнаа 100 милиони евра дневно

    28.01.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната и натаму останува во прекин поради протестот на превозниците од Западен Балкан. Камионските транспортери од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90/180 дена.

    Според првичните проценки на стопанските комори, блокадите предизвикуваат огромни штети кои на дневно ниво изнесуваат околу 100 милиони евра за целиот регион. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека ова прашање е отворено со Европската комисија уште од септември и очекува наскоро да се најде решение.

    „Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите“, изјави Мицкоски.

    Од асоцијацијата „Макам-транс“ посочуваат дека сегашните правила се економски неодржливи бидејќи возачите се принудени да паузираат три месеци. Генералниот секретар Билјана Муратовска вели:

    „Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците.“

    Поддршка на протестот најавија и превозниците на патници. Претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, предупреди:

    „Нашата заложба е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството.“

    Од асоцијацијата „Бест мобилити – НТА“ бараат возачите да се признаат како „мобилни работници“ со сертификати за професионална компетентност. Претседателката Оливера Миовска упати апел за единство и итен дијалог со Брисел преку државните институции.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.