Close Menu
Press24
    Најново

    Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

    07.08.2026 во 23:43

    Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање

    07.08.2026 во 23:41

    Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република

    07.08.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
    • Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање
    • Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
    • Гужва на Табановце: За влез во Македонија се чека речиси еден час
    • Двајца струшки пожарникари повредени при интервенција во селото Долна Белица
    • Откажан летот од Солун за Германија со 150 патници – птица влегла во мотор
    • Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот
    • Во недела е Свети Пантелејмон: Заштитник на патниците и заштитник од болести
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја кроел судбината на ,,Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја кроел судбината на ,,Жан Митрев“, заедно со Заев ветувале влијание врз судски постапки

    25.01.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови?

    Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,,Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено утрово до медиумите.

    На сопственикот на болницата, Митрев, му било кажано дека ќе биде ослободен од обвиненијата против него, во судски спор кој тогаш се водел против него, но Филипче да ја преземе болницата, на легален начин, затоа што најмногу пари од Буџетот завршувале токму во таа болница, за што можеби и Филипче си ја подготвувал како профитабилен бизнис во иднина.

    Филипче да беше малку загрижен за интересот на граѓаните, и за ресорот кој тој го водеше, немаше да му се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово, немање вакцини за време на ковид пандемијата, и ред други скандали со кои е поврзан тој.

    А за влијанијата во судските постапки, покрај тоа што мрежата на Заев како тогашен премиер целосно се инсталираше во судството, логично е да се праша, колку вакви случаи не завршиле со пресуда според закон туку со амин на Заев, и дали тоа е причината зошто ниту еден функционер на СДС не се плаши од истраги и одговорност?

    За овој случај, за кој и јавно се произнесе и сопственикот на клиничката болница ,,Жан Митрев“ на национална телевизија, Филипче нема одговор, но затоа вчера на партиски Конгрес се обиде да спинува се што оваа власт сега прави за доброто на државата и да се продава како спасител, а самиот е причината за што здравството е на ова дереџе.

    ЈО има обврска да ги испита индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република

    07.08.2026 во 23:24

    Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

    07.08.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.