Close Menu
Press24
    Најново

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени

    13.03.2026 во 19:30

    Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

    13.03.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности
    • Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени
    • Се подготвуваат итни законски измени за подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство
    • Само за 24 часа: Шест пријави за семејно насилство
    • Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
    • Трамп со личен напад врз Мојтаба Хамнеи: „Тоа е човек кого ни татко му не го сакал“
    • Зеленски незадоволен од Вашингтон: Олеснувањето на санкциите за руската нафта не помага за мирот
    • Хавана конечно потврди: Почнаа официјални преговори меѓу Куба и администрацијата на Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судскиот совет пресече: Одземен имунитетот на судијата Ристов, одобрен куќен притвор поради „заѕиданите“ 350.000 евра

    Судскиот совет пресече: Одземен имунитетот на судијата Ристов, одобрен куќен притвор поради „заѕиданите“ 350.000 евра

    20.01.2026 во 16:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Апелацискиот судија Ѓоко Ристов (53) остана без имунитет и е времено оддалечен од судиската функција, а Судскиот совет даде „зелено светло“ тој да биде спроведен во куќен притвор. Ова е епилогот од денешната итна седница на Судскиот совет, свикана откако полицијата и обвинителството открија голем скандал со криење на сомнителни пари.

    Одлука на Судскиот совет: 10 гласа „за“ суспензија и притвор

    На 535-тата итна седница, Судскиот совет со 10 гласа „за“ го прифати барањето на Основниот кривичен суд Скопје. Со оваа одлука:

    1. На судијата Ристов му е одземен судискиот имунитет за да може да се води кривична постапка.
    2. Одобрен е предлогот за определување мерка куќен притвор.
    3. Донесена е одлука за негово времено оддалечување од вршење на судиската функција додека трае постапката.

    Оваа одлука му овозможува на судијата на претходна постапка во Кривичниот суд официјално да го реализира предлогот на обвинителството и да му одреди куќен притвор на Ристов, како и да му ги одземе патните исправи.

    „Сеф“ зад кујнски плочки: Како се пронајдени 350.000 евра

    Причината за ваквиот развој на настаните е спектакуларната полициска акција во Неготино. Според МВР, на 18 јануари 2026 година, при претрес во домот на родителите на судијата, откриена е голема сума девизи сокриена на несекојдневен начин.

    Во кујната на првиот кат, зад ѕидните плочки, била забележана сомнителна „корекција“. Откако полицијата отстранила една керамичка плочка, открила дупка во која биле скриени алуминиумски ролни. Во нив имало 13 пакувања со вкупно 350.000 евра (610 банкноти од 500 евра и 225 банкноти од 200 евра).

    Обвиненија за перење пари и лажни имотни листови

    МВР поднесе кривична пријава, а ОЈО ГОКК отвори истрага против Ристов за две кривични дела: „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Истрагата покажала дека судијата во периодот од 2020 година до денес давал лажни податоци во анкетните листови, прикривајќи имот кој е несразмерно поголем од неговите законски приходи како судија во Апелација.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.