Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари
    • Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри
    • Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Две години нема зголемување на платите во Армијата, парите завршуваат во тендери

    СДСМ: Две години нема зголемување на платите во Армијата, парите завршуваат во тендери

    16.01.2026 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години нема зголемување на платите во Армијата. Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту за војниците, ниту за кој било друг работник во државата, велат од СДСМ.

    „Владата на Мицкоски нема пари за луѓето, има пари сaмо за криминални тендери и сомнителни зделки.

    161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините на ВМРО, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта. Само за ова има пари владата на Мицкоски.

    За разлика од оваа криминална власт, во времето на СДСМ платите растеа во сите сектори. Седум години по ред платите континуирано се зголемуваа и парите завршуваа кај граѓаните,  кај работниците, во семејните буџети.

    Денес, со ВМРО, парите не завршуваат кај граѓаните туку во тендери. 

    Дупката во буџетот е огромна – недостасуваат околу 2 милијарди евра. Тоа е резултат на криминалот со тендери но и на погрешните политики на изолација, конфликти со стратешките партнери и водење држава во погрешна насока. 

    Затоа денес Македонија е ставена на листата на САД заедно со Сомалија.

    Одбраната на државата е сериозно и стратешко прашање. Владата мора да ги покачи платите на војните. 

    Како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, а тоа не е можно без задоволни, мотивирани и достоинствено платени војници“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    24.09.2026 во 18:45

    Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата

    24.09.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.