Close Menu
Press24
    Најново

    Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

    12.06.2026 во 19:26

    На фарма во Србија: Загина маж – го нападнал бик

    12.06.2026 во 19:25

    Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор

    12.06.2026 во 19:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“
    • На фарма во Србија: Загина маж – го нападнал бик
    • Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор
    • Facebook и Instagram повторно во функција
    • Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
    • Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија
    • Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
    • Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика

    Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика

    02.01.2026 во 22:083 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На многу луѓе им е позната состојбата кога некој не нѐ гледа како приоритет, туку како „резервна опција“ – некој што можат „да го земат од полицата“ кога им треба внимание, блискост или (само)потврда. Често за нив се вели дека се „резерва“… Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“.

    Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи „саканата“ личност „на полица“, а всушност, затскриено бара „подобра прилика“ за себе.

    1. Се појавува доволно, колку „да не го заборавите“…

    Партнерот никогаш не исчезнува целосно, но ретко се појавува. Повремените повици и пораки служат за да остане присутен во Вашите мисли и да не се намали Вашиот интерес. Овој вид непредвидливо внимание честопати создава и посилна емоционална приврзаност од постојаната блискост, објави „Јортанго“ (YourTango).

    2. Се случува зближување, а потоа одеднаш исчезнува

    Во еден миг, се чини дека сте во врска – често се гледате, сè изгледа ветувачки. А потоа, без објаснување, станува недостапен. По некое време, се враќа со „големи гестови“ што ја враќаат неизвесноста кај другата личност во врската.

    3. Сè уште не ја преболел „поранешната“

    Ако сè уште го носи емотивниот багаж од претходната врска, постои голема веројатност дека Ве гледа како привремена утеха. Можеби му се допаѓате, но приказната од минатото сè уште има предност. Во такви случаи, другата личност во врската е тука за да ја пополни празнината, а не да се изгради нешто ново.

    4. Флертува постојано, но дејствува само кога му одговара

    Ја одржува тензијата и привлечноста, но иницијативата секогаш зависи од неговите потреби и распоред. Флертувањето служи за да ја одржи опцијата отворена, без обврска и одговорност кон Вашите желби.

    5. Зборува убаво, но нема делување

    Ветува состаноци, планови, и тоа – „наскоро“, но ништо конкретно не се случува. На крајот, Вие сте таа што го потсетува и ја почнува темата, што јасно покажува дека неговите зборови се само начин да Ве држи во близина.

    6. Очекува ваше внимание, но си дава слобода

    Сака таа да се сосредоточи на него, додека тој си дава право да истражува други опции. Ако другата личност го прави истото, првата веројатно, би реагирала како повредена жртва. Овој двоен аршин, вообичаено, ја открива потребата за надмоќ и контрола.

    7. Ви дава доволно надеж за да останете

    Големите изјави и ветувања без вистинска намера – служат само за купување време. Секој мала зрак надеж Ве држи „емоционално врзани“, иако длабоко во себе чувствувате како да стоите во место.

    Ако се препознаваат неколку од овие знаци, важното прашање е: Дали сакам да бидам нечиј избор? Бидејќи, секој заслужува врска каде што е приоритет, а не план „за еден ден“.

    Прочитај повеќе

    Падна Фејсбук: Корисниците пријавуваат сериозни проблеми, апликацијата не се вчитува

    12.06.2026 во 16:03

    Дневен хороскоп: Марс и Месечината носат силна енергија за дел од знаците, проверете што ве очекува

    12.06.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.