Close Menu
Press24
    Најново

    Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг

    31.10.2026 во 11:28

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:04

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тетово: Тинејџер нападнат во школо, друг следен со моторцикл по фудбалски тренинг
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот

    Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот

    31.12.2025 во 15:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска упати честитки до жителите на Шпанија и Португалија по повод големиот јубилеј – 40 години од нивното членство во Европската Унија (1 јануари 1986).

    Во видеообраќањето, таа ја истакна неверојатната трансформација на двете земји. За Португалија, Фон дер Лајен нагласи дека од „градина засадена крај морето“, земјата станала лидер во обновлива енергија и иновации. „Луѓето живеат подолго и заработуваат повеќе, беа изградени нови училишта, болници и автопатна мрежа. Вашето фадо, вашата судбина, се токму тука, во срцето на Европа“, порача таа.

    За Шпанија, претседателката на ЕК истакна дека членството означило враќање кон демократската иднина. „Шпанија сега е економска сила, со втора најнапредна туристичка економија во светот. ЕУ инвестираше во Шпанија, но и Шпанија ѝ помогна на Европа да стане светски лидер во обновливата енергија“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека ова е приказна за успешно патување од кое двете страни излегле многу посилни.

    Прочитај повеќе

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.