СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 29.05.2024 и 31.05.2024, пријавениот во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки и извршил плаќање на фактури со вкупен износ од 84.320 денари за сместување (ноќевање) за него и за учениците од Државниот студентски дом во два хотели во Охрид, без притоа да спроведе постапка за јавна набавка.
- Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
- Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
- Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
- Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
- МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
- Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
- Три училишта во Битола добиваат спортски сали
- Тачи: Ова е неправда ама останете мирни

