Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поводот за посетата е финализирањето на процесот за реконструкција на капацитетите и набавката на најсовремена медицинска опрема за потребите на оваа клиника.
Како што информираат од владината прес-служба, по завршувањето на увидот во реконструираните делови, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Со овој проект се очекува значително подобрување на условите за лекување и грижа за пациентките, како и посовремени услови за работа на медицинскиот персонал.

