Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01

    Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај

    10.06.2026 во 14:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
    • Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
    • Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
    • УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновски алармира: Итно е потребен нов судија

    Костадиновски алармира: Итно е потребен нов судија

    26.12.2025 во 17:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати итен апел до Собранието и Судскиот совет да се пополни испразнетото судиско место, предупредувајќи дека некомплетниот состав веќе предизвикува сериозни проблеми во одлучувањето. На годишната прес-конференција, тој откри дека од мај до денес, Судот има десетина предмети за кои не може да се донесе одлука поради немање мнозинство.

    Меѓу закочените предмети е и оној за пензиите, за кој Костадиновски појасни дека одлуката ќе биде донесена веднаш штом се избере деветтиот судија. Тој исто така упати остра порака до политичарите за поголема уставно-правна култура и воздржаност од етикетирања.

    За следната година, Костадиновски најави дека Уставниот суд ќе воведе „уставна дисциплина“ за законодавната и извршната власт, кои често не ги почитуваат роковите.

    „Веќе имаме проблеми. На вчерашната седница имавме не еден, три предмети во кои немавме мнозинство. Значи од заминувањето на колешката во мај месец, до денес мислам дека имаме десетина предмети кадешто немаме одлука. И повторно, неблагодарно е да ги квалификувам како важни или помалку важни. Сите наши одлуки се важни“, изјави Костадиновски.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.