Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Албанија со најголем пад на населението во регионот

    Албанија со најголем пад на населението во регионот

    19.12.2025 во 22:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ.

    Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини намалувањето изнесувало 1,2 проценти, што е највисока стапка во регионот.

    Според податоците на Евростат, намалувањето на населението во во Северна Македонија 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3 , во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто.

    Во другите четири земји-кандидатки од Западен Балкан, населението се намалило во просек за 0,3 проценти, додека во Албанија се намалило за речиси четирипати повеќе, за 1,1 отсто.

    Рапидниот пад кај возрасната група под 30 години главно се должи на високата емиграција, која продолжува да биде меѓу највисоките во Европа.

    – Албанците, особено младите и професионалците, заминуваат за повисоки плати, подобри услови за работа и постабилни можности за кариера во земјите од ЕУ. Овој тренд се зголеми по либерализацијата на европскиот пазар на трудот и шемите за регрутирање на земји како Германија, кои имаат голема побарувачка за работна сила, објави албанскиот весник Монитор.

    Во последните години забрзано е намалувањето на населението поради намалувањето на младата популација, што пак брзо ја намалува стапката на наталитет од година во година.

    Албанија, има и најниска стапка на наталитет во својата историја на транзиција, со стапка на фертилитет од околу 1,2 деца по жена во репродуктивна возраст, што е меѓу најниските во Европа. Многу млади парови го одложуваат основањето семејство поради економска несигурност, високи трошоци за одгледување деца и емиграција на партнерите

    Прочитај повеќе

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15

    Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    06.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.