Close Menu
Press24
    Најново

    Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење

    31.10.2026 во 11:04

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта Банка АД Битола: Ликвидни сме и продолжуваме со редовно и непречено работење
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мелони: Внатрешната неспособност е најголемата закана за ЕУ

    Мелони: Внатрешната неспособност е најголемата закана за ЕУ

    17.12.2025 во 21:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони пред пратениците во Долниот дом на Парламентот оцени дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, при што најголемата закана не доаѓа однадвор, туку од внатрешната неспособност навреме да се носат одлуки.

    – „Убедени сме дека сложеноста на овој момент бара прагматичен пристап способен да оди подалеку од идеолошкиот догматизам. Верувам дека ова е најдобриот начин да се одговори на новата безбедносна стратегија на Америка. Бесмислено е и штетно да се извршуваат напади против имагинарен непријател, вистинскиот непријател е нашата неспособност да изнаоѓаме решенија“, истакна Мелони пред претстојниот Самит на ЕУ.

    Поддршка за Украина и правни предизвици

    Премиерката посочи дека пронаоѓањето правно издржливо решение за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина ќе биде сложен процес, нагласувајќи дека секој чекор мора да има цврста правна основа.

    Мелони ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но оцени дека Москва поставува „неразумни“ услови во рамки на мировните напори поддржани од САД.

    Италија и предлог-буџетот на ЕК

    Премиерката се осврна и на предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија.

    – „Предлогот на ЕК вклучува зголемени придонеси и намалени средства за традиционалните политики кои се клучни за нас, како што се заедничката земјоделска политика и кохезиската политика. Отворено ќе кажам: нема да прифатиме да плаќаме повеќе за да добиеме помалку“, посочи Мелони.

    Прочитај повеќе

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.