Close Menu
    Најново

    Влада одлучи: Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

    09.12.2025 во 17:18

    Дома чувал пушка, во колата дрога – Претрес во Кавадарци

    09.12.2025 во 16:57

    Инспекција ги „тресе“ матичните гинеколози: Фатени без фискални сметки

    09.12.2025 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Влада одлучи: Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
    • Дома чувал пушка, во колата дрога – Претрес во Кавадарци
    • Инспекција ги „тресе“ матичните гинеколози: Фатени без фискални сметки
    • Се урна руски транспортен авион, последен о типот „Антонов Ан-22“ – има загинати
    • Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите
    • Ќе се разрешува Љупчо Коцевски: Владата го проследи предлогот во Собранието
    • Вучиќ: Уморен сум и исцрпен, би сакал некој друг да ја преземе работата
    • Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Влада одлучи: Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

    Влада одлучи: Усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски

    09.12.2025 во 17:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дозволете ми да ве информирам за последната одлука којашто беше донесена на денешната редовна 134 владина седница. Беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период, изјави портпаролката Марија Митева на вонредната прес-конференција пред Владата.
     
    „Причините за оваа иницијатива се јавно познати повеќепати до сега ги имаме образложено како Влада, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена. Јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите во служба на граѓаните.
     
    Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство.
     
    Неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон.
     
    Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.
     
    Не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот.
     
    Како последица на сторените повреди по изминатиот период, евидентна е нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на истата, согласно членот 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, токму јавниот обвинител е одговорен за општите состојби, за организирањето и извршување на функциите на Јавното обвинителство.
     
    Постапувајќи на овој начин јавниот обвинител Љупчо Коцевски, флагрантно ја повреди должноста да го чува угледот на функцијата што ја врши предвидена во член 82 став 1 од Законот за јавно обвинителство.
     
    Имајќи го предвид наведеното Владата му предлага на Собранието да го разреши од функција јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски“, кажа Митева.

    Популарно

    МВР ќе испраќа и фотографии, процент на тоелранција на брзината ќе има

    09.12.2025 во 10:22

    Филипче до граѓаните: Следи мобилизација

    09.12.2025 во 12:11

    Ќе има толерира ли „Безбеден град“ благи прекршувања? Одговара министерот Тошковски

    09.12.2025 во 10:44

    Ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    09.12.2025 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.