Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во Грција: Затворени гранични премини кон Македонија, на Крит земјоделци упаднаа на аеродром

    Хаос во Грција: Затворени гранични премини кон Македонија, на Крит земјоделци упаднаа на аеродром

    09.12.2025 во 10:482 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките земјоделци продолжуваат со масовните протести, поставувајќи над 50 блокади низ целата земја, вклучувајќи ги и сите гранични премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Најсериозен инцидент е забележан на островот Крит, каде аеродромот во Ираклио беше затворен до рано утрово поради упад на демонстранти, јави дописничката на МИА од Атина.

    • ГП Евзони (Богородица): Најавени се нови блокади денеска во два термина: од 12:00 до 16:00 часот и попладне од 18:00 до 22:00 часот по локално време. Одлуката не важи за грчките камиони кои ја напуштаат земјата. Блокот кај Евзони е поставен со над 300 трактори.
    • ГП Ники (Меџитлија): Закажана е четиричасовна блокада која стартува од 10:00 часот по локално време, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

    На Крит, ситуацијата ескалираше. Во градот Ираклио, земјоделците се судрија со полицијата на патот кон аеродромот, го пробија полицискиот кордон и упаднаа на пистата. Аеродромот беше затворен од доцна синоќа до рано утрово, со откажани летови. Инциденти во обид да стигнат до аеродромот имаше и во Ханија.

    Протестите, кои започнаа на 30 ноември, се поради зголемените трошоци за производство и ниските продажни цени. Главното барање е исплата на заостанатите субвенции и покривање на трошоците за производство. Главниот блок на земјоделците е во централна Грција, кај Никеа во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се пренасочува.

    На некои локации, земјоделците поставија новогодишни елки, што се толкува како порака дека нема да отстапат и дека се подготвени празниците да ги поминат на улица. За утре е најавен протест и блокада на пристаништето во Волос.

    Прочитај повеќе

    Србинка не може да извади пасош и лична карта – на 59 години открила дека во извод и пишува дека е машко

    28.05.2026 во 11:50

    Вучиќ: Српската војска е многу посилна

    28.05.2026 во 11:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.