Close Menu
Press24
    Најново

    Приведена битолчанка, нападнала полицајци додека работеле на терен

    16.06.2026 во 16:54

    Сиљановска-Давкова: Обидот за релативизирање на ветото во ЕУ е позитивен исчекор, нашите пречки се ирационални

    16.06.2026 во 16:42

    По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите

    16.06.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведена битолчанка, нападнала полицајци додека работеле на терен
    • Сиљановска-Давкова: Обидот за релативизирање на ветото во ЕУ е позитивен исчекор, нашите пречки се ирационални
    • По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
    • Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
    • Потпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра
    • Владата го изгласа „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе се применува на Ќафасан
    • Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта
    • По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски промовираше нова Платформа: Ја симболизира заложбата за чесност и јавен надзор над сите инвестиции

    Мицкоски промовираше нова Платформа: Ја симболизира заложбата за чесност и јавен надзор над сите инвестиции

    04.12.2025 во 12:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја промовираше новата Платформа за следење на проекти финансирани од Владата, нагласувајќи дека таа претставува чекор напред во политичката култура и ја симболизира заложбата за интегритет и чесност во управувањето со јавните средства.

    Мицкоски истакна дека ова е првпат во историјата на државата да се воспостави систем каде секој граѓанин, новинар и општина ќе може во реално време, транспарентно и прецизно, да го следи текот на сите владини проекти.

    „Оваа Платформа ја симболизира нашата јасна заложба за интегритет, чесност и јавен надзор над сите инвестиции што ги реализираме, без исклучок… Со оваа Платформа ја отвораме работата на институциите и воспоставуваме нова рамка на доверба“, рече Мицкоски.

    Премиерот потенцираше дека транспарентноста е суштинско демократско правило, а платформата е примарно политичка порака: „немаме што да криеме, затоа што работиме чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните.“

    Тој посебно ја нагласи важноста на алатката за медиумите, кои сега со неколку кликови ќе можат да го следат секој договор, рок и фаза на реализација, што претставува поддршка на истражувачкото новинарство.

    Мицкоски ги претстави конкретните резултати од двата јавни повика:

    Од првиот јавен повик финансиран преку средствата што ги обезбеди владата, опфатени се вкупно 288 проекти со вкупна вредност од речиси 4,6 милијарди денари, односно близу 75 милиони евра. Денес можеме одговорно да кажеме дека сите 288 проекти се започнати. За сите се склучени договори со економски оператори. Тоа значи дека нема застој, нема празен пат. Работиме системски, со динамика, и без импровизации.

    Од овие 288 проекти: 193 се целосно завршени, 26 се во целосно завршна фаза, 89 активно се реализираат, а за уште 6 проекти тендерската постапка е завршена и нивната реализација започнува многу скоро.

    Ова не се само бројки. Ова се нови улици, плоштади, водоводни и канализациски мрежи, нови паркови, фекални системи, нови спортски објекти, културни содржини, нови училишта и нови градинки. Ова се над 220 капитални проекти во инфраструктурата, над 40 проекти во животната средина, 7 во спортската инфраструктура, 5 проекти во културата, и над 10 значајни инвестиции во образованието. Тоа значи подобар живот, подобри услуги, подобра општина и подобра држава.

    Паралелно, преку вториот јавен повик за финансирање на општините со унгарскиот кредит, опфатени се 828 нови проекти со вкупна вредност од 13,8 милијарди денари, односно повеќе од 225 милиони евра. И тука веќе гледаме силна динамика над 50 проекти се завршени или во финална фаза, а за над 500 проекти се потпишани договори за нивната реализација. Тоа значи дека државата ќе влезе во уште поинтензивен инвестициски циклус. Повеќе машини, повеќе градилишта, повеќе проекти и повеќе конкретни резултати за граѓаните.

    Сето ова го правиме транспарентно, современо и одговорно. Оваа Платформа покажува дека јавните средства се под јавен надзор, дека институциите работат со јасни правила, дека општините имаат еднаков пристап, и дека Владата функционира со современи стандарди на отчетност и дигитализација, истакна Мицкоски.

    „Нашата цел не е само да градиме — туку да градиме чесно, видливо и мерливо. … Оваа Влада ќе продолжи да работи на тој начин. Отворено. Одговорно. И во интерес на секој граѓанин на Македонија“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски не може да се помири со поразот во Карпош, стана болен кога треба да се соочи со правдата

    16.06.2026 во 15:36

    Мицкоски по бизнис форумот во Истанбул: Очекувам неколку десетици турски инвестиции да се операционализираат во Македонија

    16.06.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.