Close Menu
Press24
    Најново

    Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја

    14.03.2026 во 14:13

    Малолетник уапсен: Закани за бомба во тетовско училиште

    14.03.2026 во 13:43

    Полиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување

    14.03.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црн викенд: Шест уапсени за семејно насилство во целата земја
    • Малолетник уапсен: Закани за бомба во тетовско училиште
    • Полиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување
    • Синдикатите: Минималната плата мора да расте во март
    • Муцунски: Кочани покажа вистинска сила на меѓународната солидарност
    • „РЕК е алка во бизнис шема“ – СДСМ обвинува Мицкоски за корупција
    • Уапсен скопјанец со кокаин за продажба во домот на Аеродром
    • Петрушевски: СДС и ССМ се исти, денешниот протест е политичка измама
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Гответе со Мицкоски, рецепт за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ – Долго готвена ИПАРД каша

    СДСМ: Гответе со Мицкоски, рецепт за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ – Долго готвена ИПАРД каша

    03.12.2025 во 11:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) со невообичаено соопштение одговори на претходните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ кон Зоран Заев, Венко Филипче и други поранешни функционери, нарекувајќи ги нивните тврдења „врвен рецепт од кујната на ВМРО ДПМНЕ за лаги“.

    „За оваа лага ви се потребни:

    Зоран Заев – 1 

    Венко Филипче – 1 

    СДСМ поранешен министер – еден прстофат

    И пар роднини од Заев, по можност браќа, братучеди, море било кој.

    Како ја подготвуваме оваа лага:

    Еден Заев.

    Е сега, бидејќи Заев е жилав, мора долго да се динста. Дури и 5 години откако е во политичка пензија, можеби ќе треба и повеќе. Сепак, го туна режимот, со години беше за продолжување на патот кон ЕУ и уште ја внесе Македонија во НАТО. Тоа бара повеќегодишно динстање со лаги.

    Еден Венко. Тука е дополнителен проблем. Тој е прилично нов и свеж, па мора да се измеша со нешто долго динстано. На пример, Заев, кого претходно сте го маринирале.

    Ја добивте основата. Сега одат додатоците. Најдобро е да додадете неколкумина од семејството Заев. Одлично се сложуваат со Зоран, а и нив претходно сте ги динстале, па низ цедалка сте ги пропуштале, сега како зеленчук усогласете ги со Венко.

    Сега сте веќе близу крајот, но не заборавајте уште некој министер. Одлично се сложува со сево ова. Најдете некој поранешен министер, нормално од СДСМ градината, и доволен е еден прстофат. Ова дава посебен шмек!

    Некој ќе рече не оди баш тоа… само кажете: прво пробајте, па потоа кажете.

    Сега стигнавме до крајот со состојките. Сега е важно многу да мешате, секојдневно и долго, за да не изгори. Многу лаги има тука, може дното да се фати.

    Гответе го ова на тивок оган додека не се приближат изборите. Потоа засилете на максимум.

    Многу е важно да мешате многу и долго, додека на граѓаните не им се заврти во глава. Кога сивата маса ќе стане каша, немојте да престанете, продолжете повторно силно.

    Оваа постапка можете да ја повторувате колку што мислите дека е потребно или додека состојките не се стопат.

    Тоа е тоа!


    Кашата е готова.

    Пријатно!

    Тоа ви е накратко врвниот рецепт од кујната на ВМРО ДПМНЕ за лаги.

    Пробајте, се подготвува веќе со години. Оваа каша стана специјалитет во Македонија.

    Ако не знаете сами, секогаш можете да го најдете главниот готвач или некој од помошниците од кујната на ВМРО.

    ВМРО има многу добри готвачи.

    Учеа од најдобриот шеф Груевски. Носител на 5 ѕвезди за кражба.

    БОНУС

    (Секој рецепт има и мали тајни)

    Мали тајни на големите готвачи на лаги.

    Никому не кажувај.

    Еве ја тајната за овој рецепт:

    ИПАРД е фонд на ЕУ.

    Парите се чисто од буџетот на ЕУ.

    Мерка 1 (М1): Инвестиции во земјоделски стопанства (на пр. купување трактори, механизација, изградба на објекти, подобрување на продуктивноста и усогласување со ЕУ стандардите за животна средина, здравје и добросостојба на животните).

    Се добиваат како рефундација откако вие ќе ги вложите своите пари и ќе докажете дека сè е направено според правилата на ЕУ.

    Правилата на ЕУ се многу ригорозни, па кога некој ќе злоупотреби, може да одговара.

    На пр. Директорот, Панкерот и кумовските врски на Мицкоски.

    Е сега кога е криза, бидејќи полека ЕУ дознава за твоите мали тајни, тогаш го апсиш некој поркај „кумот“ за да не настрадаш ти.

    Наскоро уште нови рецепти од Белата палата и кујната за лаги!

    Голем кулинарски поздрав со повикот: ВМРО-ДПМНЕ ЛАЖЕ!

    А што народот вели: кој лаже, тој и краде!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет

    13.03.2026 во 21:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.