Close Menu
Press24
    Најново

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    14.05.2026 во 15:30

    Беровчанец кривично ќе се гони – испраќал смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител

    14.05.2026 во 15:16

    Измама во Скопје: Им ветиле државна работа, па им земале 152.000 денари

    14.05.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Беровчанец кривично ќе се гони – испраќал смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител
    • Измама во Скопје: Им ветиле државна работа, па им земале 152.000 денари
    • Филипче: Муцунски денес признава дека НАТО е феноменална работа
    • Ужас во скопски парк: Непристојно се однесувал кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото
    • Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтенидеривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер
    • Пожар во дуќан на „Серава“: Едно лице заврши во Ургентен центар откако вдишало чад
    • Малолетник уценувал девојче од Скопје: 12-годишна малолетничка под закана испраќала експлицитни фотографии
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците

    03.12.2025 во 10:531 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма поради прекршување на Законот за јавна чистота.

    Санкциите следат по извршена контрола, при што инспекциските служби утврдија дека од градилиште во непосредна близина на ПС Аеродром во Ново Лисиче во сообраќај се вклучувале возила со валкани гуми, со што директно се нарушува чистотата на животната средина и се прекршуваат законските одредби.

    Општина Аеродром потсетува дека ваквите прекршоци се недозволиви и дека ќе се санкционираат строго и без исклучок.

    Во наредниот период, Општина Аеродром, покрај редовните, најавува и засилени контроли на сите активни градилишта. Контролите ќе бидат насочени кон тоа дали се почитуваат сите мерки за заштита на животната средина, дали се преземаат обврските за спречување на загадување, дали се одржува јавната чистота на градилиштата и дали се избегнува узурпација на јавните површини при градежните активности.

    Општина Аеродром упатува апел до сите правни и физички лица да ги почитуваат законите и прописите, затоа што само така можеме заеднички да обезбедиме чиста, здрава и безбедна средина за сите жители.

    Општина Аеродром останува посветена на редот, хигиената и квалитетот на живот во урбаната заедница.

    Прочитај повеќе

    Стефковски: Насилството во училиштата е неприфатливо, Гази Баба воведува засилени безбедносни механизми

    14.05.2026 во 13:17

    Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

    14.05.2026 во 13:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.