Close Menu
Press24
    Најново

    Три високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија

    07.08.2026 во 11:54

    Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат-младите ќе победат

    07.08.2026 во 11:51

    Овој викенд: Бесплатно кино на отворено во Драчево

    07.08.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија
    • Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат-младите ќе победат
    • Овој викенд: Бесплатно кино на отворено во Драчево
    • Штерјова: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар
    • Искористила преку 200 сметки: Уапсена жена која со илјадници лажни нарачки го попречувала работењето на издавачка куќа
    • Фостер повторно без доплата за пациентите, Министерството за здравство најави промени
    • Птица во мотор го спречи летот: 150 патници чекаат заминување за Германија од Солун
    • ВМРО-ДПМНЕ: Домаќински управуваме со државата затоа имаме стабилна економија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра

    03.12.2025 во 09:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра  на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра.

    Во 2022 година Компанијата „Тргопродукт’’, која е во сопственост на кланот  Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот „Мамас“.

    Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.

    Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени?

    Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра?

    Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?

    ЈО да отвори постапка и да ги истражи случаите.

    Николовски како и Филипче се дел од корумпирана структура и дел од криминалните шеми на Заев и се додека СДС не се ослободи од овие компромитирани кадри не може да биде конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност во демократските процеси во државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Стојчевски: Мицкоски удри по младите затоа што ја кажаа вистината, младите не се плашат-младите ќе победат

    07.08.2026 во 11:51

    Штерјова: Мицкоски, Клековски, Тошковски, мора да одговараат за труењето во Гостивар

    07.08.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.