Малолетно девојче вчера било допирано по телото од повозрасен маж во автобус на подрачјето на скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:40 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријавила дека претходно околу 18:35 часот во автобус на подрачјето на Центар, едно повозрасно машко лице ја допирало по телото нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

