Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски за односите со Вашингтон: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп
    • Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта
    • МВР ги крева дроновите – силна контрола за утрешниот празник
    • Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
    • Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
    • Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови
    • Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
    • Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски за односите со Вашингтон: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп

    Зеленски за односите со Вашингтон: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп

    22.10.2026 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека несогласувањата со американскиот претседател Доналд Трамп не се од лична природа, но предупреди дека евентуалното укинување на санкциите против Русија ќе го зајакне рускиот претседател Владимир Путин и значително ќе го отежне постигнувањето мир во Украина.

    – Мојот став кон Путин е многу јасен. Мислам дека ако ги укинеме санкциите, ќе го направиме посилен. Тоа не е нешто лично меѓу мене и претседателот Трамп и секако сум против какво било укинување на санкциите – истакна Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен во Киев.

    Тој оцени дека Путин нема намера да ја заврши војната и ги повика меѓународните партнери да не ѝ дозволат на Русија да ја зајакне својата воена и политичка позиција.

    – Путин си игра. Тој е играч. Срамно е што си игра со животите на другите луѓе и секако не сака да ја запре војната. Затоа, она што го сакаме од нашите партнери е да не му дадат можност да биде посилен и да нè скрши – рече украинскиот претседател.

    Зеленски посочи дека замрзнувањето на сегашните фронтовски линии може да биде дел од евентуален договор за прекин на огнот, што би овозможило прекин на борбите и започнување преговори. Сепак, тој децидно истакна дека Украина нема да се согласи да се откаже од териториите што моментално ги контролира, ниту пак ќе ги признае окупираните области како дел од Русија.

    – Нашата земја е многу важна затоа што станува збор за луѓе, а не за километри. Многумина загинаа бранејќи ја оваа земја, нашата независност и нашата држава – порача Зеленски, додавајќи дека никој нема да ги признае привремено окупираните територии како руски.

    Украинскиот лидер нагласи дека клучни потреби на земјата остануваат продолжувањето на санкциите против Русија и испораката на понапредни ракети за воздушна одбрана, испраќајќи јасна порака до меѓународните сојузници: „Не ги укинувајте санкциите против Путин и дајте ни подобри ракети“.

    Прочитај повеќе

    Шокантен инцидент во Малезија: 16-годишен ученик со секира нападна наставничка, нападот го пренесувал во живо на интернет

    22.10.2026 во 17:08

    Насилството од улиците се префрли во Собранието – тепачка во Парламентот на Албанија

    22.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.