Close Menu
Press24
    Најново

    Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава

    11.06.2026 во 13:31

    Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите

    11.06.2026 во 13:17

    Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

    11.06.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
    • Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
    • Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
    • Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
    • Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
    • УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
    • Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
    • Стевчо Јакимовски повикан да се јави во затвор на 2 јули
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: „Safe City“ ќе функционира неселективно, веќе се казнети три шофери на министри

    Тошковски: „Safe City“ ќе функционира неселективно, веќе се казнети три шофери на министри

    02.12.2025 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска нагласи дека системот „Безбеден град“ (Safe City) ќе функционира исклучиво на принцип на неселективност. Тој ја отфрли можноста за привилегии, изјавувајќи дека ниту еден функционер, вработен во институциите или возач на службено возило нема да биде изземен од санкции за сообраќаен прекршок.

    „Сејф сити единствено може да даде соодветен одговор ако прави до крај неселективност. Никој нема да биде исклучен,“ рече Тошковски.

    Тој потврди дека правилата ќе важат за сите, освен за јасно пропишани ситуации, како што се возила на Брза помош или МВР кои работат во оперативна процедура.

    Министерот посочи дека веќе биле казнети шофери на министри за направени сообраќајни прекршоци.

    „Биле казнети луѓе кои возеле министри, а внатре биле министри. Не сакам да ги специфирам, но најмалку три за кои јас знам,“ додаде тој.

    Тошковски нагласи дека и тој самиот, кога не е во рамките на утврдена процедура за највисоките државни функционери, ќе биде казнет ако направи прекршок.

    Министерот информираше дека МВР работи на ревидирање на постоечките патишта каде ќе бидат поставени безбедносните камери. Тој го оцени пробниот период, кој трае околу еден месец, како „критично важен“ за граѓаните да се запознаат со концептот, нагласувајќи ја потребата од намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

    Прочитај повеќе

    Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите

    11.06.2026 во 13:17

    Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ

    11.06.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.