Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени во ЈКП ,,Брегалница‘‘ не им исплатил уште по 3.500 денари по вработен, со што ги оштетил вработените со вкупна сума од 266.000 денари.
- Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип
- Вучиќ најави оставка – размислува за да се кандидира за премиер
- Една година мандат: Алиу најавува дигитално и поефикасно здравство
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за власт
- На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо
- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

