Close Menu
Press24
    Најново

    Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија

    10.07.2026 во 23:52

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
    • Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, собери сили и замини од СДСМ

    ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, собери сили и замини од СДСМ

    29.11.2025 во 15:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на настапот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, порачувајќи му дека нема кредибилитет да зборува за стандардот на пензионерите, бидејќи додека бил на власт, покачувањата биле симболични и понижувачки.

    Од владејачката партија потсетуваат дека владата предводена од Зоран Заев, чиј дел беше и Филипче, на оваа категорија граѓани им доделувала минимални суми.

    „Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДС? Владата на СДС, онаа влада која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1000 денари или илјада и нешто“, се вели во партиската реакција.

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ е партија која шири дезинформации и во која поединци се грижат само за личниот џеб, додека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ се грижи подеднакво за секој граѓанин.

    „Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше или што уште не. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, прашуваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: ДУИ во паника – се моли да нема избори во Тетово

    10.07.2026 во 18:01

    Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

    10.07.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.