Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

    Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

    29.11.2025 во 14:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека Фондот за ПИОМ се соочува со огромен буџетски дефицит, со што во ризик е доведена одржливоста на пензискиот систем. Дупката во ПИОМ која денес изнесува една милијарда евра,  како што кажа Филипче е последица на промашените политики на владата на премиерот Мицкоски.   

    „За само година и пол се врати оној систем на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој што ние го затекнавме во 2017 година, кога исто така дупката во ПИОМ изнесуваше околу 50% проценти или точно 48%“, рече Филипч.

    Говорејќи за состојбата со Фондот за ПИОМ, Филипче потсети дека во период на владата на СДСМ со правилни и домаќински политики и пензискиот систем беше одржлив и имаше редовно зголемување на пензиите. 

    „Освен што имаа пензионерите редовно и соодветно зголемување на пензиите, се намалуваше и дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Постепено од тие 48% дојде се дојде до 32%, со тенденција и понатаму да се намалува со тие политики коишто ги носевме заедно со Светска банка, коишто тука кај нас со години наназад  партиципираат во спроведувањето на структурните реформи“, рече Филипче. 

    Тоа што сега се случува со Фондот за ПИОМ како што кажа Филипче, е  уште еден доказ за упад во системот, рушење на системот, немање желба за вистински реформи кои што ќе обезбедат долгорочност на сите мерки, сигурност на сите граѓани од сите категории. 

    „И сега, ако во 2023 година после тоа постепено закрепнување во Фондот за ПИОМ благодарение на нашите политики, со редовно зголемување соодветно на пензиите беа потребни 29 милијарди денари, сега за 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.