Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група

    Филипче: Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група

    29.11.2025 во 13:48Updated:29.11.2025 во 14:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, потврди претседателот на партијата, Венко Филипче.

    Ова доаѓа по пишувањата на дел од медиумите дека Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор, поради несогласувања околу надворешно политички прашања.

    Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека имало неразбирање од техничка природа. 

    -Тоа се случи помеѓу двата изборни круга. Меѓутоа, причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа коешто го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што доведе до една, таква, не пријатна ситуација којашто ниту беше намерна, ниту тенденциозна. Како и да е, после разговорите, и после расчистување на тоа недоразбирање, сепак, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничка група, рече Филипче.

    Недоразбирањата биле околу Резолуцијата за односите со Бугарија која СДСМ ја претстави непосредно пред почетокот на кампањата за локалните избори.

    -Станува збор за некои технички детали околу начинот на споделување со политичките партии на тој документ, рече Филипче. 

    Тој најави и измени во Извршниот комитет на СДСМ кои ќе се направат идната недела кога ќе се избираат и двајца нови потпретседатели откако Ана Чупевска си поднесе оставка за време на изборниот молк пред вториот круг, а Методија Илиевски кој беше разрешен зашто среде избори заминал во странство. 

    -Ќе имаме едно заседавање на телата на партијата и тука ќе бидат назначени нови двајца потпретседатели и ќе имаме измени во Извршниот комитет на партијата. Тоа ќе се случи во текот на следната недела. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.