Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Владата им дава 10 денари по килограм грозје на винариите, а не на лозарите

    Димитриевски: Владата им дава 10 денари по килограм грозје на винариите, а не на лозарите

    28.11.2025 во 13:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, рече на денешната прес-конференција, Александар Димитриевски од редовите на СДСМ.

    Според нашите инфорации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка за откупен килограм грозје, ама не за лозарите, туку за винариите, вели Димитриевски.

    Димитриевски нагласи дека оваа одлука се уште не е објавена во Службен весник.

    „Но внимавјате сега, одлуката не е за 2, не е за 3, туку за 10 денари по откупен килограм да им се додели на винариите!

    Владата на Мицкоски и министерството на Трипуновски нема пари по 3 денари да им даде на лозарите ама ќе им дава 10 денари по килограм на винариите откако преходно им даде 2 денари.

    Она што е еднакво запрепастувачки е што периодот е само за откупено грозје во периодот од 17.09.2025 – 31.10.2025 година“, посочи Димитриевски.

    Димитриевски истакна дека ова е скандалозно и недозволиво а мириса, смрди и на корупција.

    Еве зошто:

    „Прво оваа наменска мерка на владата значи финансиска поддршка само за многу мал број на винарии, а не за лозарите. Зошто мал број винарии се поважни од лозарите?

    Второ, висина на финансиската поддршка од десетина милиони денари е оргомна а се однесува на мал број на корисници.

    Трето периодот за кој истата ќе важи.

    Го прашуваме министерот Цветан Трипуновски врз основа на која анализа е донесена ваквата мерка? Дали е дискутирана со подсекторската група и дали наидува на одобрување на производителите и откупувачите?

    Дали оваа мерка е креација на договор во четири очи и однапред се знае кој ќе ги добие парите?

    СДСМ бара Владата да ја поништи оваа одлука веднаш бидејќи е на штета на лозарите и затоа што е основа за корупција.

    Антикорупциската комисија, Обвинителството и сите други надлежни институции за злоупотреба на парите на граѓаните да го испитаат овој крајно коруптивен скандал и да реагираат.

    Станува збор скандалозен обид за испумпување на државни средства и поигрување со секој вреден земјоделец кој со месеци чека на државната финансиска поддршка.

    Трипуновски одби да ја објави производствената цена на најзастапените вински сорти Вранец и Смедеревка. Ова одбивање на почитување на Законот донесе срамни откупни цени за трудот на лозарите на сметка на откупувачите.

    Понатаму го одбија предлогот на СДСМ за носење на закон за доделување на финансиска поддршка од дополнителните 3 денари за предаден килограм грозје.

    Нема пари за лозаропроизводителие, нема субвенции за одгледувачите за овци, млекопроизводителите, градинарите, органските производителите и регистрираните земјоделци.

    Но очигледно власта има пари да дели и тоа по дополнителите 10 денари по килограм откупено грозје на мал број откупувачи кои дополнително се богатат на маката на лозарите.

    Корупцијата во земјоделството мора да биде запрена веднаш. СДСМ силно ќе се спротивстави на овие обиди и ќе биде гласот на секој еден земјоделец“, потенцираше Димитриевски.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.