Close Menu
    Најново

    Кривична за млад скопјанец – во мерцедесот му нашле марихуана

    27.12.2025 во 15:35

    Апсење на граница: Турчин се обидел да влезе во државата со фалсификат

    27.12.2025 во 15:25

    МВР си ги прибира затворениците: Приведен 42-годишник – ќе одлежи една година

    27.12.2025 во 15:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Кривична за млад скопјанец – во мерцедесот му нашле марихуана
    • Апсење на граница: Турчин се обидел да влезе во државата со фалсификат
    • МВР си ги прибира затворениците: Приведен 42-годишник – ќе одлежи една година
    • Претседателка: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
    • Масовсно апсење низ Скопје: Полицајци фатија млади дилери
    • Деспотовски: Венко со една одлука не можеш да ми ја избришеш работата од 30 години
    • Украдена бистата на Вера Јоциќ во Скопје
    • Прогласена вонредна состојба во Њујорк
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Агелер: Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството

    Агелер: Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството

    27.11.2025 во 09:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.

    Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

    – Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството – порача Агелер, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

    Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

    – Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој – додаде Агелер.

    Амбасадорката истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласи дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

    – Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело – порача таа, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

    Популарно

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:46

    Масовсно апсење низ Скопје: Полицајци фатија млади дилери

    27.12.2025 во 14:41

    Деспотовски: Венко со една одлука не можеш да ми ја избришеш работата од 30 години

    27.12.2025 во 14:34

    Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери: Кисела Вода со нов чекор за селектирање отпад

    26.12.2025 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.