Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети

    11.06.2026 во 13:06

    УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога

    11.06.2026 во 12:59

    Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени

    11.06.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
    • УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
    • Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
    • Стевчо Јакимовски повикан да се јави во затвор на 2 јули
    • Ѓорѓиевски: По три децении пропадање, спортската сала „Расадник“ целосно обновена и вратена на Вардар
    • Мицкоски: Проекциите за растот на БДП остануваат над 3,5%, економијата забрзува
    • Николовски од Атина: Размената на податоци пред пристигнување на стоката ја зголемува конкурентноста на економиите
    • (ФОТО) Мицкоски: Пуштена во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, условите се светски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пронајден мртов маж во неговото возило – куршум ја пробил шофершајната

    Пронајден мртов маж во неговото возило – куршум ја пробил шофершајната

    24.11.2025 во 19:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безживотното тело на 42-годишен маж од Тетово било најдено попладнево во возило „Ауди Q5“ со тетовски регистерски таблици, паркирано во атарот на селото Нераште. На стаклото од возилото имало дупка од куршум, а на телото видливи траги од крв во пределот на главата, јави СВР Тетово.

    Сопругата на починатиот, Б.Б. (33), случајот го пријавила во два часот по полноќ, откако нејзиниот сопруг А.Б. (42) не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. Таа посочила дека тој заминал вчера околу 18 часот со возилото, а оттогаш немала никаква комуникација со него.

    Полициски службеници од Полициското одделение во Теарце при рутинска контрола го забележале автомобилот околу 16.15 часот, во поле покрај локалниот пат.

    „Внатре во возилото е забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На возачкото стакло имало отвор од испукан проектил и лицето било облеано со крв во пределот на главата, со првично сомневање дека е застрелано со огнено оружје“, соопшти СВР Тетово.

    На местото на настанот излегол лекар од Итна медицинска помош, кој констатирал смрт. По увидот извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, потврдено е дека починатиот е А.Б. од Тетово.

    Се чекаат резултатите од увидот и вештачењето на оружјето.

    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети

    11.06.2026 во 13:06

    Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    11.06.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.