Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја стресе Македонија

    11.06.2026 во 08:04

    Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања

    11.06.2026 во 08:00

    Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип

    11.06.2026 во 07:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања
    • Брза интервенција спречи пожарот да стигне до куќите – Детали за состојбата во Штип
    • Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
    • Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница
    • Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
    • Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжен притворот за шестмина во случајот „Прилепска болница“: Институцијата оштетена за 700.000 евра

    Продолжен притворот за шестмина во случајот „Прилепска болница“: Институцијата оштетена за 700.000 евра

    24.11.2025 во 15:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Прилеп го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шесте лица осомничени за злоупотреби во прилепската болница, потврди претседателката на судот, Јасмина Шишковска. Против одлуката на Кривичниот совет поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола.

    Истрагата, поведена по кривична пријава од Финансиската полиција, се води против вкупно 32 физички и правни лица.

    Обвинителството донесе наредба за спроведување истрага против:

    • 16 физички лица
    • 7 правни лица
    • 9 други осомничени (кои се гонат по скратена постапка)

    Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и управители на фирми, се товарат за повеќе кривични дела, вклучително Злоупотреба на постапката за јавна набавка и Проневера во службата.

    Злоупотребите биле вршени преку јавни набавки за услуги како сервис на возила, чистење, молерофарбарски услуги и реконструкција на Инфективното одделение. Со неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози, предизвикана е вкупна штета на буџетот на болницата од речиси 43 милиони денари, или околу 700.000 евра.

    Прочитај повеќе

    Земјотрес ја стресе Македонија

    11.06.2026 во 08:04

    Сиљановска се сретна со Јотова: Да продолжиме да разговараме за тешките прашања

    11.06.2026 во 08:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.