Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Нови цени на горивата од полноќ

    21.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап
    • Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот
    • Чистка низ Скопје: Отстранети 650 кубни метри отпад
    • Голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија: Се трага по вработени во Царинската управа, уапсени неколку лица
    • Крадци пустошеле по куќи: Ограбени над 10 домови, изнесен и сеф тежок 400 килограми
    • Необична кражба во Германија: Крадец провалил во кафуле, па однесе торта и сладолед наместо пари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата

    ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата

    23.11.2025 во 10:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април. Кацарска во јавноста е запаметена како исклучително репресивна фигура во водење на одредени судски процеси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Јавноста ја памети Кацарска по нејзината улога на џелат во водењето на судски процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и политичко водење на случаите каде Кацарска пресуди над 200 години затвор за луѓето од 27 април.

    Кацарска сега сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензиите на пензионерите, додека во исто време бара зголемување на сопствената плата.

    СДС молчи додека нивната продолжената рака во Уставниот суд Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари а укинување на пензиите од 7000 денари.

    Судството со 2 проценти доверба, Кацарска без кредибилитет и со двојни аршини да се кратат пензии додека од друга страна се бараат судски бонуси и привилегии.

    СДС молчи и на дело ја покажува нивната незаитересираност за пензионерите, и ја продолжува праксата од нивно време каде пензионерите добиваа покачување за 150 денари.

    СДС да се огради од барањата на нивната продолжена рака во судството Кацарска, за поништување на зголемувањето на пензиите кои таа ги побара од Уставниот суд.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за пензионерите. За покачување на пензиите и зголемување на животниот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.