Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Трагедија ја потресе Македонија: 38-годишник почина од струен удар
    • Ѓорѓиевски: Да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките
    • Клековски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Се подготвува Меморандум за соработка во здравството
    • И ова е можно: Стружанец успеал да исече 175 кубици дрва во државна сопственост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски до Битиќи: Соживотот се гради со дела, а не со националистички говори

    Петрушевски до Битиќи: Соживотот се гради со дела, а не со националистички говори

    19.11.2025 во 14:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој упати критики кон говорот на Фатмир Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање  е националистички настроено, потенцирајќи  дека за разлика од него, тој е единствениот пратеник кој поднесувал амандмани за изградба на средно училиште во Куманово на албански наставен јазик и се залага за зачувување на меѓуетничкиот соживот во Куманово.

    „Досега никој не успеал ни во 2001 да го наруши меѓуетничкиот соживот во Куманаво, за тој натпревар за кој вие ме посочивте уште веднаш  излегов со осуда која вие овде не ја спомнавте на национални медиуми. Јас сум единствениот пратеник кој поднесуваше амандмани за изградба на средно училиште „Сами Фрашери“ во Куманово, на албански наставен јазик. Јас преку своето влијание во општината и преку кадрите кои беа на раководни и се на раководни позиции од ВМРО-ДПМНЕ направивме проект, обезбедивме средства и денес училиштето се гради.  После 1983-година гимназијата „Сами Фрашери“ ќе биде првото училиште кое ќе биде изградено во Куманово. Е така колега Фатмир Битиќи се гради соживот во Куманово, не со националистички говори, не со шовинистички говори, туку со дела видливи за сите граѓани“, рече Петрушевски.

    Пратеникот Петрушевски истакна дека пратеникот Битиќи го казнува спортот и прави злоупотреба за да добие политички поени, и посочи дека токму спортот ги воспитува младите во духот на заедништвото.

    „Спомнавте ваучер систем кој вие сте го вовеле, за тој има кривична постапка, треба да одговараат поранешни директори на Агенција за млади и спорт и поранешни пратеници од вашата пратеничка група. Испомешавте спорт и нешто што се случувало на трибините, не се казнува спорт заради однесување на поединци, тоа не е европско однесување, тоа е злоупотреба за ситни политички поени кои не ви поминуваат кај граѓаните. Во Република Македонија има јасен механизам за санкции и за тој настан кој го спомнавте и го осудив, има санкции, постапки и институциите си ја вршат работата на највисоко ниво за разлика од претходно. Токму спортот ги воспитува младите во духот на заедништвото“, вели Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани

    21.10.2026 во 13:33

    Манасиевски: Филипче го снема од медиумскиот простор

    21.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.