Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Опозицијата два часа ќе ги испрашува министрите и премиерот

    Опозицијата два часа ќе ги испрашува министрите и премиерот

    18.11.2025 во 09:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница, премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници.

    На предлог на дневниот ред на 70. седница се:

    • Верификација на мандат на пратеници.
    • Предлог за именување на член на Фискалниот совет.
    • Избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност (две точки).
    • Предлог за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата.
    • Предлог на закон за ратификација на Спогодбата со Владата на Република Азербејџан за ослободување од визи на носителите на дипломатски и службени пасоши.
    • Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

    Во прво читање на седницата ќе бидат разгледани измените и дополнувањата на следниве закони:

    • Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението.
    • Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
    • Законот за данокот на додадена вредност.
    • Законот за гранична контрола.
    • Предлог на закон за претворање на побарувањата на РСМ по основ на јавни давачки во траен влог во ЈП за стопанисување со спортските објекти.

    По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи и продолжение на 19. седница, каде преостанати точки се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата од пензиските друштва за 2025 година.

    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.