Close Menu
    Најново

    Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

    16.11.2025 во 14:58

    Сообраќајка кај Бошков Мост – маж со мотоцикл излета од коловозот

    16.11.2025 во 14:47

    Во Калишта најдена артилериска граната – експерт од ДЗС ја „спасил“ ситуацијата

    16.11.2025 во 14:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот
    • Сообраќајка кај Бошков Мост – маж со мотоцикл излета од коловозот
    • Во Калишта најдена артилериска граната – експерт од ДЗС ја „спасил“ ситуацијата
    • Тешка сообраќајка: Поло се судри со мопед – девојка итно пренесена в болница
    • Пукање во охридско
    • Две девојчиња паднале од електичен тротинет – завршија на скопските клиники
    • Тенда од објект паднала врз две лица – сопственикот заработи кривична
    • Голема трагедија: Мртов скопјанец пронајден во неговиот дом
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

    Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

    16.11.2025 во 14:58
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ беа нанесувани на нашата држава. По завршувањето на локалните избори и конституирањето на општинските совети, исклучително сум горд што Унијата на млади сили уште еднаш се потврди како силен генератор на нови кадри и политики кои носат визија и иднина. Благодарение на отвореноста на ВМРО-ДПМНЕ кон младите, поддршката од сениорските структури и препознавањето на енергијата која ја носи најголемата политичка младина во државата, денес можеме да се пофалиме со над 100 советници низ општините, како и со 3 пратеници во Собранието на Република Македонија – рекорден број досега, директно произлезен од нашите редови“, изјави денеска Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

    Овој успех не е случаен. Тој е резултат на макотрпна работа, упорност и континуирана борба. Тој е доказ за нашата зрелост, кредибилитет и довербата што младите ја градеа во Организацијата со години.

    Денес, одржавме состанок со нашите новоизбрани советници – состанок на кој се обврзавме заеднички, јавно и одговорно дека ќе работиме чесно, посветено и дисциплинирано во интерес на младите и во интерес на сите граѓани.

    За нас како младина, политичките функции не се привилегија – тие се обврска и должност кон државата и кон младите генерации. Како нови советници и пратеници, ја преземаме одговорноста да бидеме постојано достапни, да бидеме на терен, да работиме чесно и посветено за интересите на младите луѓе во Република Македонија.

    Наша цел не е само да слушаме и да констатираме факти. Наша должност е активно да создаваме услови младите да станат двигатели на промените: да ги вклучиме во процесите, да ги охрабриме да дискутираат, да предложуваат решенија и да ја почувствуваат локалната самоуправа како свој автентичен простор.

    Без разлика дали се работи за комунални прашања, урбанистички планови, спорт, култура, образование, младински иницијативи или екологија – младите ќе ја покажат разликата. Ќе покажеме дека можеме поинаку и подобро и дека можеме да испорачаме резултати што носат иновација, енергија и подобро утре.

    Почитувани,

    УМС е единствената организација која е кредибилен и доверлив партнер на младите, единствената која може да испорача конкретни резултати во нашето општество.

    Оттаму, уште еднаш ве повикувам да не се колебате и да се приклучите на нашата борба – со вашите предлози, сугестии и вештини, да покажеме дека младите не се само иднината, туку силата што ја движи Македонија напред, сега и денес“, изјави Попов од ВМРО-ДПМНЕ

    Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница

    Популарно

    Истанбул на нозе: Починаа туристи од труење и тоа во хотел во центарот

    16.11.2025 во 11:02

    (ВИДЕО) Девојче вперува оружје кон главата на својот брат: Снимката се прошири на ФБ

    16.11.2025 во 10:41

    Две жени се изгубиле на патот накај Дрисла – службите ги спасија живи и здрави

    16.11.2025 во 10:50

    Герасимовски: Продолжуваме со редовно миење на улиците за чист и безбеден Центар

    16.11.2025 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.