Директорката на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова, била разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци.
Таа за ТВ 24 рече дека, според неа, поводот поради кој е разрешена е едно нејзино интервју во месец август со кое изнесува критички став за македонските иселеници во Австралија.
-Вчера точно во 12 часот и 4 минути, јас бев на моето место Државена Архив на Република Македонија, ми се јави една госпоѓа која се претстави дека се јавува како секретарка од кабинетот на премиерот.
Информацијата беше многу кратка со тоа што ме извести дека од моментот на јавување јас веќе нема да бидам директор на Државниот Архив.
Дознав во една комуникација со претседателот дека фактички мојот најголем грев и поводот за моето менување е изнесено критичко мислење во едно интервју што го дадов во август месец за нашите иселеници во Австралија – рекла Котлар.
Според неа, дополнителна причина за нејзиното разрешување било и тоа што назначениот заменик директор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, имал амбиција да премине на директорската позиција.

