Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Чад ја обви Струмица, пожарникарите на терен: Пожарот на депонијата сè уште бара интервенција
    • 155 години од раѓањето, 120 од смртта: Македонскиот КИЦ во Софија организира вечер посветена на Даме Груев
    • Нови правила за организација на државните институции – Денеска стручна дебата
    • Студено утро, УХМР ги измери температурите – Денеска сонце, па голема промена
    • Министерството за култура со тажна вест: „Починаа двајца колеги, ќе ги паметиме по љубовта кон работата”
    • Собранието склучува колективен договор со МАНУ
    • Ќе снема вода во 08:30 – Исклучувања на повеќе скопски улици
    • Ќе нема струја 5 часа – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари,за засегнатите лица од пожарот во Кочани

    Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари,за засегнатите лица од пожарот во Кочани

    14.11.2025 во 21:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од
    пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна
    облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен
    чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
    Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални
    мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени
    исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште
    еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
    „Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на
    засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на
    компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“
    истакнуваат од Support Kocani.
    Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од
    трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.

    Прочитај повеќе

    Чад ја обви Струмица, пожарникарите на терен: Пожарот на депонијата сè уште бара интервенција

    21.10.2026 во 08:34

    155 години од раѓањето, 120 од смртта: Македонскиот КИЦ во Софија организира вечер посветена на Даме Груев

    21.10.2026 во 08:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.