Close Menu
Press24
    Најново

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Министерот Алиу да ги објави имињата на лекарите и болниците инволвирани во 10-те непотребни кардиохируршки операции

    СДСМ: Министерот Алиу да ги објави имињата на лекарите и болниците инволвирани во 10-те непотребни кардиохируршки операции

    14.11.2025 во 11:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, велат од СДСМ.

    „Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа.

    Ова е апсолутно недозволиво.

    Објаснувањето дека нема да се откриваат имињата затоа што извештајот не бил конечен остава простор за манипулација со фактите и за менување на наодите.

    Ваквото презентирање на истрагата и наодите е скандалозно.

    Дали министерот намерно не соопштува за да може да преговара или разговара со оние што го правеле тоа?

    Како е можно да е утврдено дека операциите се непотребно извршени, а истовремено извештајот да не е финален?

    Ако веќе е утврдено, нема ниту една причина да не се соопштат наодите за кои самиот тврди дека се утврдени — а истрагата потоа може да продолжи.

    Ова е крајно несериозно однесување на Алиу за огромен скандал за кој не смее да има ниту една дамка сомнеж дека нешто се сокрива или манипулира.

    Во интерес на зачувување на довербата во здравството и во здравствените работници, кои колективно трпат штета од ваквото презентирање на наодите, СДСМ бара итно објавување на досегашниот извештај и наодите од него.

    Итно и транспарентно да се објават клиниките, како и сите поединечно инволвирани во процесот на носење одлука за операција на пациентите за кои, според Алиу, веќе е утврдено дека не требало да бидат оперирани.

    Секое спротивно однесување на Алиу создава сомнеж за манипулација со конечната верзија на извештајот и неоправдано ги етикетира сите здравствени институции и лекари, наместо точно да ја лоцира одговорноста“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.