Close Menu
Press24
    Најново

    Кипар се подготвува за најлошото: Граѓаните да подготват храна, вода, лекови и топла облека

    03.03.2026 во 11:59

    Министерот Тошковски закажа итна прес-конференција

    03.03.2026 во 11:42

    Нов шок за пушачите: Поскапеа цигарите

    03.03.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кипар се подготвува за најлошото: Граѓаните да подготват храна, вода, лекови и топла облека
    • Министерот Тошковски закажа итна прес-конференција
    • Нов шок за пушачите: Поскапеа цигарите
    • Зеленски: Конфликтот во Иран ни создава нови проблеми
    • Едно лице задржано во полиција по трагедијата во Карпош – Мајката и детето биле сами и заклучени
    • Енергетски шок: Цената на нафтата драстично скокна
    • МНР со најнови информации: 473 македонски државјани побарале помош
    • Грција итно распоредува противвоздушна одбрана на Егејот по нападот врз Кипар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Буџетот е безнадежен

    Левица: Буџетот е безнадежен

    13.11.2025 во 09:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не стимулира продуктивност и инвестиции и не создава нова вредност. Напротив, тој ја цементира зависноста од јавната потрошувачка и краткорочните политички ефекти, реагираат утрово од Левица преку писмено сооппштение испратено до медиумите. 

    Капиталните инвестиции учествуваат со само 9,7% од вкупните расходи што е алармантно ниско ниво. Тоа значи дека државата троши за тековни потреби, наместо да инвестира во иднината. Со ваков пристап не се гради економија туку се купува социјален мир.

    Особено загрижува што 31% од приходите се обезбедуваат преку ново задолжување. Тоа значи дека секој трет денар што државата ќе го потроши е позајмен. Дополнително 1,25 милијарди евра се за отплата на стари долгови, што претставува речиси петтина од буџетот. Со други зборови, државата работи за да враќа стари долгови, а во исто време зема нови кредити што директно води кон фискална нестабилност. Само за камати, наредната година треба да се исплатат 346 милиони евра.

    Во структурата на расходите од новиот буџет, јасно се гледа приоритетот на оваа власт – политички опстанок, а не јавен интерес. Наместо инвестиции во здравство, образование, социјална сигурност и квалитет на живот, Владата се одлучи да штеди токму на тие сектори кои ја држат државата исправена.

    Средствата за заштита на животната средина и намалување на загадувањето се намалуваат, во земја која и онака се гуши во смог секоја зима. Во здравството, буџетот предвидува намалување на медицински материјали и опрема, со што се сведуваме на ниво на стандард на најнеразвиените држави.

    Образованието, наместо да биде двигател на развојот, повторно е жртва на кратења – со помалку пари за предшколско, основно образование и научно-истражувачка работа. Не поминаа ниту социјалните категории. Намалени се средствата за заштита од болест и инвалидитет, како и за стари лица и детска заштита, во земја каде секое второ дете живее на работ на сиромаштија.

    Особено алармантно е над 50% кратење на средствата за Агенцијата за стоковни резерви, што во услови на глобални кризи значи дека државата останува без стратегиска заштита на граѓаните во случај на шокови со храна и енергија. Дополнително, се кратат и пари за Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, што директно ги погодува македонските земјоделци.

    Дури и правосудството не е поштедено. Намалување на средствата за судската власт и Јавното обвинителство, за повеќе од 2,2 милиони евра, е уште еден јасен сигнал дека правната држава не е приоритет.

    Овој буџет е огледало на власт што ја изгубила врската со реалноста на сопствените граѓани. Наместо да гради економија, гради илузија! Наместо да инвестира во иднината, купува време! Се кратат средства таму каде што државата треба да биде најсилна: здравство, образование, социјална сигурност и правда.

    Со ваков буџет, државата не се движи напред туку тапка во место и сè повеќе тоне во долгови, сиромаштија и безнадежност, стои во реакцијата на Левица.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Војната на Блискиот Исток ескалира: Нападната американската амбасада во Ријад, Трамп порача – „Имаме неограничено оружје за победа“

    03.03.2026 во 09:40

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.