За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, јасно нотираме дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
- Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
- Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
- Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
- Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
- Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
- ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
- Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

