Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец уапсен во Албанија

    12.06.2026 во 15:48

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36

    Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари

    12.06.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец уапсен во Албанија
    • Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
    • Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
    • Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
    • Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
    • Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
    • Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип
    • Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Алиу: Обезбедена е хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“

    (ФОТО) Алиу: Обезбедена е хипербарна комора во ГОБ „8 Септември“

    27.10.2025 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот Јовица Андовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денес ја посетија ГОБ „8 Септември“, каде беше направен увид на новата хипербарна комора. Опремата е обезбедена со поддршка од компанијата „Зегин“, во рамки на заеднички проект со болницата.

    – Хипербарната кислородна терапија им помага на пациентите со хронични рани и рани кои тешко заздравуваат, како што се дијабетично стапало, изгореници, состојби со нарушена микроциркулација и други индикации што ги третираат повеќе медицински специјалности. Упатувам искрена благодарност до компанијата за нејзината општествената одговорност, како и до менаџментот и медицинскиот персонал на болницата за професионалната подготовка и интеграција на комората во системот на болничко работење, истакна министерот Алиу при посетата.

    Комората е поставена во одделот за физикална терапија и рехабилитација, а ќе биде на располагање и за одделите за пластична хирургија, дерматологија и останати болнички оддели, согласно потребите и медицинските индикации.  

    -Ова е пример како со партнерства можеме да ја унапредиме јавната здравствена инфраструктура од аспект на модерна опрема која ќе го зголеми квалитетот на услугите кои ги добиваат пациентите. На овој начин директно влијаеме врз исходите на лекувањето, го намалуваме ризикот од компликации, престојот во болница и трошоците, а на пациентите им даваме поголема шанса за побрзо и поквалитетно оздравување, посочи Алиу.

    Прочитај повеќе

    Македонец уапсен во Албанија

    12.06.2026 во 15:48

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.