Close Menu
Press24
    Најново

    На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо

    11.06.2026 во 09:12

    Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик

    11.06.2026 во 09:03

    Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители

    11.06.2026 во 09:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На повидок се рекордни горештини и суши – Започна нов циклус на Ел Нињо
    • Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
    • Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
    • СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
    • Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
    • Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
    • Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
    • Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела

    Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела

    26.10.2025 во 10:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник, што МИА го пренесува интегрално. 

    Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“. 

    „Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат“, рече Герасимовски. 

    Граѓаните, упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година. 

    Прочитај повеќе

    Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање

    11.06.2026 во 08:39

    Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот

    11.06.2026 во 07:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.