Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

    Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

    23.10.2025 во 13:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување кадешто се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Тој потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ.

    „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност. Ќе бидат поставени помали контејнери за секојдневен отпад во густо населените делови и поголеми контејнери за кабаст отпад на стратешки локации. Апелирам граѓаните да не го одлагаат сметот на улиците околу контејнерите, туку во нив. Со тоа ќе овозможиме побрзо собирање и полесна контрола на ѓубрето“, рече Герасимовски. 

    Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Герасимовски ги повика сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни, или тројни кеси со цел да биде подобро заштитен. За ова ќе има информација веќе утре за тоа кои се локациите, а сите угостители ќе бидат директно информирани.

    Герасимовски, вели дека се реализира нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот.

    „Најголемо тесно грло ни е Дрисла, возењето дотаму и назад, како и чекањето за растовар, одземаат многу време и ресурси. Затоа правиме промена: камиончињата ќе растовараме сметот на плац на општествено одговорна фирма која ни излезе во пресрет, а потоа со големи камиони ќе оди кон Дрисла. Со ова очекуваме да го забрзаме целиот процес“, истакна Герасимовски. 

    Тој, посочи дека викендов ќе се спроведе итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките. Општината врши вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради. 

    „Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме оппштествена одговорност и солидарност. Барам масовна акција затоа што ни се заканува сериозен здравствен ризик, ова веќе не е прашање само на хигиена, туку се во ризик нашето и здравјето на нашите деца“, додаде Герасимовски. 

    Герасимовски, потенцираше дека ова не е време за политика, туку за одговорност и работа, и дека како градоначалник го редуцира на минимум своето непосредно учество во предизборната кампања која сега ќе ја води неговиот штаб.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.