Close Menu
    Најново

    Екс премиерот на Албанија во сериозна состојба

    20.10.2025 во 21:06

    Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

    20.10.2025 во 20:58

    Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата

    20.10.2025 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Екс премиерот на Албанија во сериозна состојба
    • Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта
    • Мацут: Работиме на проект за брза железница помеѓу Белград и Ниш, и во Скопје брзо работат на модернизација железницата
    • Муцунски и се јави на албанската колешка: Ја поканил во Македонија
    • Паѓаат цените на нафтата
    • Лукровски на кафе со Бакиу: Фала ти за поддршката во втор круг
    • Стојкоски: Ја заокружуваме реализацијата на спортско-рекреативниот комплекс во Полјана
    • Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

    Мемов: Стабилна поддршка и раст на Движењето ЗНАМ на локалните избори

    20.10.2025 во 17:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Овие избори ја потврдија стабилизацијата на нашето гласачко тело во однос на минатите парламентарни избори и покажаа дека владините политики кои ги водиме се во вистинска насока, истакна на денешната предс-конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

    -Дозволете ми да изразам големо задоволство од резултатите на локалните избори, кои ги освои Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, со освоени речиси 40.000 гласови. Воедно сакаме да се заблагодариме на сите граѓани, членови, симпатизери и подржувачи на ЗНАМ, кои го искористија своето право на глас и ја потврдија довербата во нашето делување. Вашиот глас е нашата најголема поддршка и мотив да продолжиме понатаму. Јасно е дека граѓаните го препознаваат нашето чесно и одговорно делување. Нашиот концепт на чесна, директна и народна политика наидува на сè поголема поддршка низ целата држава – и тоа е клучната порака од овие локални избори, рече тој.

    Соопшти дека за прв пат освоиле советнички места во повеќе од 50 општини низ Македонија, како и во Градот Скопје. Според него, тоа е доказ дека ЗНАМ станува релевантна политичка сила која носи вистински промени и влијание на локално ниво.

    Мемов нагласи дека во Куманово имаат убедливото водство во првиот круг, каде што, како што рече, нивниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски остварил предност од над 11.000 гласа.

    -Кандидатот на СДСМ не успеа ниту да се пласира во вториот круг, што јасно ја покажува реалната поддршка на граѓаните  за ЗНАМ и разликата меѓу политиките и празните ветувања на СДСМ. Едновремено, се гледа агонијата на СДСМ и на државно ниво, со освоени само околу 120.000 гласови е јасен сигнал дека граѓаните ја изгубија довербата во нивните политики. Во Општина Центар влегуваме во вториот круг, ја продолжуваме борбата за промена и крај на владеењето на старите политички структури. Убедени сме дека Мирослав Лабудовиќ ќе победи во Центар, носејќи обнова, транспарентност и правда, рече тој.

    Овие избори, како што потенцира Мемов, покажале дека значителен број гласови добија и независните кандидати, што е, како што посочи, позитивен сигнал за демократијата и поголемо учество на граѓанските иницијативи во локалните самоуправи.

    Мемов најави дека ЗНАМ продолжува понатаму – обединети, со нова енергија, јасна визија и конкретни решенија за промени.

    Популарно

    Куманово одлучува во втор круг: Димитриевски во трка со Стојковски

    20.10.2025 во 11:25

    Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ во советничките листи: Близу 200.000 гласа разлика со СДСМ

    20.10.2025 во 13:50

    Иако извесен победин Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

    19.10.2025 во 23:57

    Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

    19.10.2025 во 23:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.